Петар Печков
Објавено: сабота, 23 април 2011
Вториот по ред успех на данскиот шеф Рене Реџепи ја крунисува неговата креативност, вистински амбасадор на нордиската кујна составена од локални сезонски производи: млеко, лангустин, костени, црн леб, домашни киселини... Рестораното „Нома“ се наоѓа во еден реновиран магацин на пристаништето во Копенхаген.
Изборот на најдобар ресторан се прави од страна на 800 килинарски критичари и експерти од целиот свет.
Шпанија меѓу првите пет од листата на 50 ресторани во светот има два ресторани „Ел Целер де Кан Рока“ и „Мугаритаз“, „Арзак“ е осми. Легендарниот „Ел Були“ на Феран Адриа повеќе не е на листата иако четири пати беше победник. Најголем пробив според комуникето на конкурсот, прави бразилскиот ресторан „Д.О.М.“ на Алекс Аѕтала кој скокна единаесет места и се најде на седмото место.
Италијанскиоот ресторан „Остериа Францескана“ и „Фат Дак“ на англичанецот Хестон Блументал, приврзаници на молекуларна кујна се наоѓаат меѓу првите десет. САД со „Алинеа“ на 6 и „Пер Се“ на 10-то место, додека Франција меѓу првите дест има само еден ресторан „Ле Шатобријан“ на Инаки Аизптарте на 9-то место. Франција има осум ресторани меѓу најдобрите 50 во светот.
Како по обичај ова рангирање ќе биде оспорувано од незадоволните како не многу строго и дека тоа ја одразува модата во светската кујна, што е случај секогаш кога се објавува оваа ранг листа на 50 најдобри ресторани во светот.
Tweet |