речник контакт

Остануваат само два активни случаи со ковид-19 во велешко

Во Болница се згрижени десет пациенти, од нив само еден е позитивен, останатите се со здравствени проблеми како последица од корона вирусот

Петар Печков

Ниту ново заразени со ковид-19, ниту оздравени. Ваква е состојбата за изминатите 24 часа во велешко, иста како и неколку дена наназад. Со ова останува бројот на двајца активни случаи во велешко, според Институтот за јавно здравје.  

Во велешка Болница има еден пациент повеќе од вчера, кој е  згрижен и тоа поради последиците од корона вирусот.  Хоспитализирани  се десет пациенти , од кои еден е потврден позитивен и девет  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се четворица  пациенти, на Инфективно одделение  згрижени се три а на   Интерно седум.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »