речник контакт

Осум години затвор за убиството во дворот од велешката Гимназија

Обвинетиот Зоран Димовски останува во притвор

Петар Печков

 Зоран Димовски (49 год) обвинет за убиството на старецот Јован Цилаков ( 91 год)  доби  осум  години затвор. Ова е пресудата која му беше изречена во Основниот суд во Велес, откако беше прогласен за виновен за делото кое го сторил на 17 јули минатата година околу 17 часот во дворот на Гиманзијата. Според обвинението Димовски  тоа го сторил со умисла, со нанесување на неколку удари со голем камен по главата на старецот.  

Двајцата се нашле на разминување  во дворот на Гиманзиајта, а обвинетиот му забележал на старецот зошто тука врши мала нужда, на што Јован му возвратил, па настанало туркање, мавање со бастумот.  Обвинителството се повлече дека убиството е сторено за одземање на  50 денари. Доказите кои беа понудени дека крвта на Димовски пронајдена на неговите патики се совпаѓа со ДНК анализата на крвата на Цилаков,како и тоа што во предниот десен џеб, во внатрешноста се пронајдени биолошки траги кои се совпаѓаат од  ДНК на Димовски, беа одлучувачки тој да биде прогласен за виновен. Вештото лице до детали го опиша чинот на убиството.

Убиството е  сторено со  камен  со голема маса и нерамна површина, со најмалку два удари во пределот на лицето. Старецот бил легнат на земја а сотрителот клечел над него, поради што има повреди на ребрата. Со помал камен старецот е удрен два пати од страна на главата, жртвата била брзо совладана, тој изгубиул свест и не чувстувал болка  - рече  д-р Алекснадар Станков.

Психијатрите пак процениле дека обвинетиот во моментот кога го сторил делото бил пресметлив а како зависник од алкохол има зголемено ниво  на агресија. Суидијката ја образложи висианта на з атоврскта казна, која била изрешена согласно правилникот  кој пропишувал помеѓу 5 и 10,  па вклучќувајќи ги олеснителнтеи и отежнителните  моменти, дека е бездомник, дкеа му е прво кривично дело, советот одлучил да изречат осум години затвор. Од висината на казната   незадоволно беше семејството на оштетениот.  Како фото доказ во предметот, беше понудено и местото кое Зоран им го покажал на полицајците од каде во реката Вардар, спакувана во кесе ја фрлил неговата облека, која  била крвава а по извршеното убиство.  Тој негираше дека е сторител.

Жалам за изугениот живот и сочувство за фамилијата која ја познавав, но јас не го сторив тоа. Се надевам дека случајот еден ден ќе се расветли во целост - рече Димовски, кој е бездомник откако месец дена пред настанот го напуштил домот. Преживувал просејќи.

Тој детално го опиша неговото движење критичното попладне, со тоа што во периодот кога е случен настанот, тој тврдеше дека бил на друг дел од градот а за убиството разбрал вечерта во кафеана. Потврдите дека го сторил убиството, дадени во полиција рече дека се изндуени со сила. На ова реагираше  обвинителката Гордан Тодорова, која  му понуди негова изјава, дадена во обвинителство, кога на прашањето дали од страна на полицијата била вршена некава присила, закана  Димовски изјавил дека  такво нешто немало.  

Бранителот на обвиентиот, адвокат Борче Стојанов, пак сметаше дека обвинителство не понудило мотив за да се стори вака свирепо дело, во случај каде двете лица никогаш не се сретнале, немале контакт, не се познавале. Обвиентиот Димовски останува во притвор до правосилноста, бидејќи како бездомник, нема семејство, нема дом, нема работа постоеле реални шанси тој  за избега.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »