речник контакт

Отворена е нова детска градинка во Караслари

Досега во земјава се отворени 11 градинки во рурални средини, до крајот на годинава уште 11

Петар Печков

Отворен е  клон на Детската градинка во велешкото село Каласлари,   каде  се згрижени 20-тина деца а има капацитет од 40. Проектот е започнат 2016-та, објектот е во сопственост на Општина Велес, реконструиран и адаптиран со средства од Министерството за труд и социјална политика во висина од 850 илјади денари.  

Досега се отворени 11 детски градинки во рурални средини до крајот на годината ќе се отворат  уште 11. Секаде во Европа се инвестира во предучилишно образование, бидејќи докажано е дека тие деца имаат поголем успех во основното, средно и високо образование. Освен тоа се зголемува и продуктивноста на населението ако децата им се згрижени уште во рани години - рече министерката Царовска. 

До крајот на годината таа најави дека ќе бидат отворени и две нови детски градинки во два града  во земјава. Потсети дека самохраните родители се ослободени од плаќање на месечен надомест за  згрижување на децата.  Градоначалникот ан Велес, Аце Коцевски објасни дека Караслари, за разлика до ругите села во општината не изумира и има потенцијал за зголемување на бројот на жителите.  

Особено ми е мило што отвораме детска градинка во село, со што се зголемува опфатот на децата во детските градинки. Така  сите покажуваат многу поголем резултат во училиштата и полесно се социјализираат. Ова село нема намалување на бројот на жители, перспективно е, блиску е фабриката ,,Маркард,,  -рече градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.  

Директорката на Детските Градинки од Велес Бранислава Нацева кажа дека ова  деветти  клон на градинката, трет во рурална средина по двата во Градско и  Чашка. Најави дека се во преговори со раководството на фабриката ,,Маркард,, мајките кои работат таму, да ги оставаат а тие ги   згрижуваат нивните деца. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »