Петар Печков
Објавено: четврток, 19 мај 2016
Со отворањето на синоќешната изложба на ликовниот уметник Антонио Јаневски, Народен музеј Велес се вклучи во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележаа 18 Мај - Меѓународен ден на музеите. Изложбата на слики насловена „Трезвеност до возвишеното“нуди шест дела, масло на платно кои се во невообичаена големина 3 на 2 метри.
Ова е моја магистерска работа, на дела кои се во голем формат. Тоа е мој концепт, зошто таа техника во 21 век, кога современата уметност води во тотална безграничност во користењето на техниките. Големината е поврзана со темата ,,Трезвеност до возвишеното,,. тоа е филозофски аспект, возвишеното може да се карактеризира со апсолутната големина. Сите калкулации да се создаде компромис на плус и минус, дозволија да го изработам во овие димензии. Муза немам, но имам инспирација иако сакам да избегам и приморан сум да имам алтернативен начин на изразување. Инспирацијата ја влечам од природата, овие дела се пејзаж, но имаат метафорична концепција на слобода - рече авторот Јаневски.
Тој повеќе пати се има претставувано во Велес, групно и поединечно. Антонио Јаневски тукушто ги завршил своите студии од вториот циклус при Факултетот за ликовна уметност од Скопје, каде што го изработи својот магистерски труд во областа на сликарството, под менторство на ред. проф. М-р Благоја Маневски.
Tweet |