речник контакт

Отворено Стрип училиште во Велес

Поради големиот интерес Стрип центарот воведе часови по цртање стрип

Петар Печков

Пред извесно време во Велес повторно започна постојаното стрип училиште кое се изведува во просториите на Стрип центар на Македонија - Велес. Часовите се одржуваат двапати неделно под водство на Ване Трајков и Димитриј Михајловски, коишто ќе работат на целосно волонтерски начин. За разлика од некои претходни активности оваа ќе се одвива постојано  како израз на дамнешните желби поттикнати од работата на стрип школи во други земји : Лесковац, Загреб...

Ова стрип училиште  го изведуваме веднаш после  Интернационалниот салон , каде што присуството на реномирани гости од светската стрип сцена  и тоа како ги поттикнува младите таленти да се бават со стрип и брзо да влезат во неговите тајни. Впрочем и на самиот салон се забележа големо учество на млади таленти од Велес и други градови .Со  тоа сметаме дека  иднината на македонскиот стрип е загарантирана, само што треба  постојана работа едукација, изложби, изданија - изјави Ване Трајков извршен директор на СЦМ Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »