речник контакт

Откриени нови четири хемиски елементи

Тоа се 113,115,117 и 118. Имињата допрва ќе се бараат

Петар Печков

Нови четири хемиски елементи службено се додадени на периодниот систем. Така е комплетиран неговиот последен седми ред, објави ББЦ.

Ова се први елементи вклучени во периодниот систем по 2011-тата, кога се додадени елементите 114 и 116 подоцна именувани флеровиум  и ливермориум. Табелата на хемиските елементи прв ја состави рускиот хемичар Димитри Менделеев во 1869 година.  

Новите елементи формално ги верификуваше Меѓународната унија на чиста и применета хемија  (IUPAC). Ова тело  објави дека американските и руските научници, дале доволно докази за постоењето на елементите 115,117 и 118. Откривањето на елементот 113 е дело на  јапонските хемичари од Институтот Рикен.

Новите четири елементи не е можно да се пронајдат во природата, бидејќи се работи за синтетски елементи кои е можно да се создадат единствено во лабораторија. Бидејќи времето на распаѓање се мери во секунди многу е тешко да се докаже нивното постоење.  

На научниците им престои период кога ќе треба да ги именуваат новите елементи, кое право нив им следи. Името што ќе го дадат може да биде по нешто митолошки, по минерал, по место на Земјата, по некој имот или личност. Името ќе го потврди IUPAC, откако ќе ја  минат јавната  расправа.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »