речник контакт

Отпаднати води опасност по жителите на Горно Оризари

СДСМ реагираше низ населбата течат фекалии, градоначалникот објаснува неприфатените отпадни води не се по вина на локалната власт

Петар Печков

Населбата Горно Оризари со околу три илјади жители има проблем со фекалиите и отпадните води. За ова денес на прес конференција посочија од општинскиот СДСМ.    Во населбата живеат  над 3.000 жители, по чие здравје се опасност отпадните води. А водите се можни носители на зараза и  на лоша реа. 

Во непосредна близина на куќите истекуваат фекалии и отпадни води.  Осум  години локалната власт во Велес предводена од ВМРО ДПМНЕ не го реши овој еколошки, санитарен и здравствен проблем.  Фекалии течат во близината на домови и во непосредна близина на земјоделско обработливо земјиште. Никој од жителите не знае какви болести и епидемии им се закануваат. Доаѓа лето, неподносливата реа и можните зарази дополнително стануваат реалност. И локалната власт на Велес и досегашната централна власт на ВМРО-ДПМНЕ трошеа милиони евра народни пари, гледаме фасади од стиропор, бикови, лавови, шмизли, панорамски тркала, додека жителите на Оризари и околината се оставени без основите услови за функционирање – велат од ОО на СДСМ.  

Потенцираат дека ,, несовесно е од ВМРО-ДПМНЕ во отчетите да пишуваат дека го решиле проблемот на жителите на Оризари со фекалната канализација,,.

Градоначалникот Славчо Чадиев објасни дека тие во населбата за изминатиот период од  четири години направеле многу, но останал дел кој треба да се заврши. И тоа  не по нивна вина. 

Точно е дека дел од  населеното место Горно Оризари има проблем  со  фекалната канализацијата. Но јавноста треба да знае дека за  изминативе три години во населбата се  поставени   1,4 илјади метри  нова канализациона мрежа  во два крака, останува уште еден.  Него планираме да го почнеме во следниот период по што ќе почнеме  да градиме на него пречистителна станица. До овој застој дојде  откако  на трасата каде треба да се гради канализација ан третиот крак, има изградено нови куќи, по што мораме да го менуваме планот за градење.  Овој проект е од големо значење и голема вредност – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Тој потсети дека се изградени повеќе улици и ново современо училиште токму во Горно Оризари.  Ги повика СДСМ да кажат што тие додека биле на власт изградиле во оваа населба. Очекува во наредниот период да биде честа мета на напади од СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »