Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јуни 2018
Изминатите денови, велешките комуналци исекоа повеќе дрвја, на различни локации од градот. Тоа се дрва кај кои нема вегетација и се исушени, објаснуваат надлежните. Ова се прави за да се отстранат поради потенцијалната опасност по околината.
Деновиве Секторот Паркови и зеленило работат на отстранување на 28 стари и деградирани дрвја, со цел отстранување на потенцијалната опасност за околината и избегнување на можните последици од евентуално паѓање на дрвјата, гранките или делови од нив. Тоа се работи на повеќе локации во градот: ул. Благој Ѓорев, ул. Наум Наумовски Борче, ул. Борис Трајковски, ул. Христо Татарчев, ул. Алексо Демниев, во паркот кај Автобуската станица, и во Градскиот парк - информираа од ЈКП Дервен.
Сечењето на старите исушени дрвја е по налог на Општина Велес, чии служби извршиле проценка што треба да се исече.
Пред 10-тина години старо, дотраено дрво падна на патот Велес - Башино село, удри врз автомобил и го усмрти возачот. За тоа општината плати десетина илјади евра обесштетување.
Tweet |