Петар Печков
Објавено: петок, 21 јуни 2013
Внимавајте при работа на отворено, не знаете што може да ве снајде змија или сонце. Ова изминатите денови им се случило на две лица земјоделци од велешко. Во понеделникот 32 годишен жител на Горно Јаболчиште С.К. е каснат од змија во близина на селото Црешнево.
Додека тој ја собирал искосената трева за сено, поскок го каснал за показалецот од десната рака. Брзата помош морала да вози по тешко пристапен, лош и непознат терен за навреме да стигне и му даде противотров. Во овие нивни настојувања успеала и го спасила, за потоа да го пренесе во велешката Болница каде бил згрижен. Ова е трет случај н каснување од змија за помалку од два месеци во велешко.
А дека змиите ги има и во градот зборуваат примери на наши сограѓани, кои информираа дека во близината на Мегдан, каде е продавницата за свеќи подолу од црквата, последните денови се убиени три змии од кои две отровници. Во близина си играле мали деца.
Во друг пак случај земјоделец од селото Раштани В.Н. (64 год) добил топлотен удар додека на ден пладне работел на нива. Брзата помош итно го пренела во велешката болница каде му е дадена неопходната помош и тој е во добра состојба.
Tweet |