Петар Печков
Објавено: среда, 15 октомври 2014
Панче Иванов е новиот претседател на ОО на СДСМ Велес. Тој доаѓа по оставката која ја поднесе претходникот Марјан Николов, информираа од партијата.
По озаминувањето на Николов, бил распишан јавен оглас за претседател. За изборот решавал претседателот на СДСМ Зоран Заев, по понудена програма и неговиот избор бил Панче Иванов (50 год) .
Тој е дипломиран економист, професор во Економското училиште Јовче Тесличков и член на Советот на Општина Велес во овој мандат.
Пд партијата нагласуваат дека изборот бил без несогласувањеа и внатрепартиски разијдувања, во демократска процедура.
Tweet |