Петар Печков
Објавено: сабота, 31 јули 2021
Се повеќе куќи и домови во селото Папрадиште се обновуваат. овој тренд е присутен последните години. Куќите добиваат нов и внатрешен и надворешен лик.
Освен што се враќаат неговите иселени жители, кои тука ги минуваат викендите, други куќите ги изнајмуваат, бидејќи има интерес за престој во ова село. Низ фотографии како изгледа Папрадиште и новиот лик на домовите.
Папрадиште е село во областа Азот, Селото е планинско, на надморска височина од околу илјада метри, сместено на падините на планината Даутица . Од селото Богомила е оддалечено осум километри. Папрадиште заедно со Ореше се единствените мијачки села во регонот.
Tweet |