речник контакт

Пари, градежништво, ЈКП Дервен најмногу интересни за граѓаните

Што најчесто прашуваат велешани од работата на општинските институции

Петар Печков

Како се трошат моите пари, документи за градежништво и од работата на ЈКП Дервен. Ова биле најчесто поднеените барања за пристап до информациите од јавен карактер, кои стигнале до локалната власт. Нив ги поднесуваат подеднакво граѓани и правни лица, граѓански здруженија и адвокати. Ова го покажува анализата која е спроведена од општинската администрација за поднесените барања по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. 

Како и изминатите години подоносителите најмногу ги интересира како се трошат парите од Буџетот,   стандардно прашања од областа на урбанизмот и годинава има прашања за даночната постапка - изјави Јадрнка Стефкова   од локалната самоуправа, задолжена за пристапот до информациите од јавен карактер.  

Во 2013-та имало поднесени 41 барање а лани 28. Ова намалување за локланите власти е доказ дека работат транспарентно и отчетно.

 Според нашите согледувања, намалената бројка на поднесени барања се должи на нашата транспарентност.  Колку е помал бројот на барањата, толку имаме поголема транспарентност, сме ги информирале граѓаните навремено и веродостојно. Значајно е што на  27 имаме одговорено позитивно а едно  е препратено до имателот на информацијата - објаснува Стефкова.

 Општината  ја следи отечтноста и на Јавните претпријатија и училишта кои се под нејзина надлежност.  Тука најмногу прашања биле поставени до најголемото велешко ЈП , ,,Дервен,, кое го снабдува градот со вода и се грижи за чистотата и зеленилото. 

Најмногу поднесени барања 15 има до ЈКП Дервен а останатите, поточно дел од нив  се до  4 барања. И тука подносителот најчесто прашува за јавните набавки и како се трошат парите со кои тие институции располагаат - додава Стефкова.

 Градската библиотека, Спортската сала, Детските градинки, како и основните  училишта во Иванковци, Оризари, основното музичко училиште,  воопшто не добиле барања за пристап до информации од јавен карактер поврзани  за нивната работа

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »