Петар Печков
Објавено: четврток, 18 април 2013
Шеснаесет велешки приватни доктори се казнети оти минатиот месец препишале на пациентите повеќе лекови отколку што е лимитот. Паричните казни се движат од 500 до две илјада евра. За ова реагираше и претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија.
Прашуваме зошто кога во јавното здравство докторите кои работат повеќе. се вложуваат и се наградуваат, кај нас во приватното се казнуваат. Сите овие доктори и амбуланти кои се казнети лекувале и се грижеле за пациенти. Верувам дека ниту еден од докторите не го пречекорил режимот на препишување на лекови – изјави д-р Лили Чолакова Дервишева претседател на Здружението.
Казнетите доктори реагираат на казните оти тврдат дека станува збор за голем број на хронично болни и лековите препишани за нив не треба да се сметаат за превенција. Затоа тие бараат промена во правилникот за издавање на рецепти. Во Велес има 54 приватни амбуланти а од нив 16 се казнети.
Tweet |