Петар Печков
Објавено: недела, 06 април 2014
Е.Д. ( 80 год) е тешко повредена откако се симнувала од патничкиот воз кој сообраќа на линијата Скопје – Битола. Несреќата се случила во станицата на село Теово околу 21 часот.
Старицата кога се симнувала од неразјаснети причини паднала и завршила со дел од телото под моторниот воз, популарен ,,шпанец,, кој и ја зафатил едната нога, десната и го отсекол стапалото објаснуваат сведоците. Поради тежината на повредите Е.Д. веднаш е пренесена на Клинички во Скопје, информира од велешката Болница.
Старицата, чиј сопруг бил вработен во МЖ била за Скопје да ја подигне пензијата и несреќата и се случила на прагот од домот, бидејќи живеела во куќа до станицата. Истрагата ќе треба да покаже како дошло до несреќата, зошто старицата паднала и нејзината нога завршила под возот.
Tweet |