речник контакт

Пет години затвор за убиството во село Џидимирци

Обвинетиот Добре по првата пресуда доби 7 години затвор а со втората беше ослободен

Петар Печков

Добре Димчески (60 год) од селото Џидимирци, доби пет години затвор  за убиство на скопјанецот  Шукри Рамадани.( 55 год)   Ова беше трета пресуда во овој предмет, откако во првата Добре доби седум години затвор а во втората беше ослободен. Настанот се случи на 31 март  2009-та  во велешкото село Џидимирци,  а според обвинението  мотив било  тоа што Шукри ја прегазил кучката Саманта која била сопственост на обвинетиот.

Пресудата е донесена врз основа на полиграфското вештачење, каде Добре  на прашањата поврзани со убиството имал силна реакција. Потоа врз изјавата на неговиот брат  Драги кој во истрага рекол дека кога Добре си дошол дома, му рекол ,,брат јас го свиткав, бидејќи го згази кучето,, , Оваа изјава братот подоцна во судењето ја смени, тврдејќи дека  дадена под присила и со ќотек. Добре ги негира наводите во обвинението.

Убиениот Шукри ниту го познавав, ниту го имам видено, па немам причина да го убијам. Во тие моменти кога е случен настанот, потврдено е дека бев неколку километри подалеку – изјави во своја одбрана Димчевски.

Реконструкцијата открила дека Шукри заминал за Џидимирци, да ги посети работниците кои му граделе фарма на кози во селото, а по пат забележал дека прегазил куче. Се симнал од возилото за да погледне што се случило. Тогаш налетал сопственикот на кучето Добре Димчевски, кој по кратка расправија извадил нож и со два убоди во срце, во слепоочницата и на левата надлактица  на лице место го усмртил Шукри, на кого не биле пронајдени одбранбени рани на рацете.

Судски вештак пред судот изјави  дека  убодните рани  врз починатиот, биле нанесени од човек  со височина како обвинетиот. Неговиот бранител адвокат Жарко Настевски пак рече дека нема материјални докази дека Добре е сторителот, ниту пак е пронајдено оружјето со кој е извршено убиството.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »