Петар Печков
Објавено: среда, 16 декември 2015
Средното училиште ,,Коле Неделковски,, со свеченост ја одбележа 50 годишнината од основањето и работата. По овој повод беше промовирана монографијата, изработена од вработените во училиштето. Таа е пресек на работата во оваа образовна институција но и наследство за идните.
Според директорот Боро Ристовски, за овие пет децении, низ училиштето минале 50 илјади ученици, или цел град со големина како Велес. Моментално настава посетуваат 700 ученика.
Монографијата ја работев една година, преку на подготовка и собирање на материјалите и тоа од Архив, оставина во училиштето, колегите. Користев материјали кои се трајно архивирани, историјата на училиштето. Целта ни беше да докажеме дека постои и пред неговата верификација. Интересни се податоците, за да се носиме со приказната со образованието во Велес, како град со богата традиција - изјави авторот Цветанка Ѓакова Панова.
Меѓу тие што учеле во ,, Коле Неделковски,, се имињата на значајни и признати личности денес, бизнисменот Кочо Анѓушев, спортистите Пепи Манасков, Панче Ќумбев, Дарко Димитриевски...
Монографијата е обемна, бидејќи опфаќа период од 50 години. Содржи многу податоци, промени на образовниот профил и институционални и многу бројни ученици кои минале низ училниците на училиштето. Никогаш не може се да биде опфатени иако има многу настани
Со решение на собранието на Општина Титов Велес од 22.09.1965 год. се формирало индустриско училиште УЗУС (Училиште за ученици во Стопанството) “Коле Неделковски“. Школувањето траело три години а учениците биле поделени во три смера: метален, ќерамички и текстилен. Образовната традиција на училиштето датира од 1959 год. Почетоците се од учебната 1948/49-та кога се води како вечерно-занаетчиско школо на град Титов Велес.
Училиштето е сместено во сопствена зграда на ул.Андон Шурков бр.4 во Велес истото се наоѓа помеѓу индустриската и урбаната зона. Училишната зграда зафаќа површина од 6800 м2. Во склоп на училишната зграда егзистираат машинска и електро работилници. Наставата се изведува во современо опремени училници и кабинети.
Во текот на своето постоење во училиштето се изведувала настава од повеќе образовни струки како што се метална, керамичка, текстилна, но денес застапени се машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителската струка.
Tweet |