Петар Печков
Објавено: петок, 03 април 2015
Велешката полиција против СВР Н.Д. (24 год) Велес поднесе 7 кривични пријави, за сомнение дека сторил шест кривични дела „тешка кражба“ и една за кривично дело „кражба“, како и осум кривични дела „кражба“кои се гонат по приватна тужба.
Сторителот во периодот од 15 до 23 јануари годинава, со кршење на дрвените влезни врати влегол во црквите Св. Богородица и Св. Пантелејмон во Велес , ги скршил дрвените каси и при тоа од двете цркви одзел вкупно 8 илјади денари.
Пријавениот извршил четири тешки кражби во три куќи и една продавници во Велес, најчесто со употреба на подесен алат ги кршел катанците од влезните и подрумските простории, влегувал внатре и крадел најразлични предмети како техничка стока - правосмукалка, ресивер, брусилка, бормашина, пари и други предмети од домаќинството. Н.Д од базен „Снупи“украл компресор за вода и дел од инвентарот - маси и столови.
Предмети му ги продавал на лице од Велес кое потоа ги продавало во Скопје и во отпадите како старо железо. На овој начин пријавениот нанел материјална штета во износ од 102 илјади денари. а од осумте кривични дела „кражба“ кои се гонат по приватна тужба, нанел материјална штета од 39 500 денари.
Рекордер по заедно поднесени кривични пријави е велешанецот Бобан Јовановски кој доби 19 месеци затвор за извршени 25 кражби. Јовановски во периодот од 09.08.2012 до 14.02.2013 година сторил повеќе кражби, неколку пати насила влегол во простории каде бил фатена на дело од сопствениците. Во дел од кражбите одзел пари, рибарска опрема, патики, чевли, јакни, телевизор, мопеди...
Tweet |