Петар Печков
Објавено: четврток, 13 јули 2023
МВР соопшти дека пред седум дена, минатиот четврток е уапсено уште едно младо момче од Велес, како кое освен марихуана пронајден е и амфетамин.
„На 6 јули во Велес, по извршен претрес во домот на пријавениот, пронајден е и одземен амфетамин, а во двор од куќа кај пријавениот пронајдени се и одземени марихуана и дигитална вага“ - соопшти МВР.
За ова СВР Велес до ОЈО Велес поднело кривична пријава против С.Ѓ.(23 год) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Tweet |