речник контакт

Пешак удрен пред Жито Вардар

Жената во прв момент не се пожалила на болки за потоа да се констатираат скршеници на ногата

Петар Печков

Автомобил удрил пешак, вчера напладне. Иако возачот сопрел и понудил помош жената сметала дека нема проблеми, кои се јавиле подоцна. МВР со повеќе информации за настанот. 

Вторникот, на  10-ти јули,  во 15,10 на крстосницата од улицата „АСНОМ“ и улицата “Алексо Демниевски“ патничко моторно возило непозната марка управувано од непознато лице, удрило во пешакот Ц.Ќ.(77 год) од Велес. На Ц.Ќ. и е укажана помош во Јавната здравствена установа во Велес, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди - пишува во соопштението на МВР. 

Од СВР Велес дополнија дека  откако жената била удрена возачот понудил да ја однесе во болница, таа рекла дека не чувствува проблеми па автомобилот заминал. Единствено што пешакот знае е дека возилото било со црена боја, друго не.

По два часа од ударот, таа дома почувствувала силни болки и била пренесена во Болница. Од таму портпаролот Весна Лазареска информираше дека околу 17 ч. е дојден пациент на ортопедија,на рендген  снимката констатирани се скршеници на десна потколеница, и бил ставен гипс и пуштена била  на домашно лекување.    

Велешката полиција е работи на целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »