Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јуни 2015
Македонската пливачка репрезентативка Ана Богдановски постави нов рекорд на 100 метри слободно.
Таа на митингот во Балтимор, САД, исплива 56,35 што е за една стотинка подобро од досегашниот рекорд, кој беше исто така во нејзина сопственост.
На овој митинг таа го освоила првото место на патеките од 50, 100 и 200 метри слободно додека на 100 метри грбно го освоила 5-тото место.
Богдановски, која има велешко потекло, со овие трки за почна подготовките на СП кое во август ќе се одржи во Казан Русија. Таа ае прва македонска спортистка со обезбедена ,,А,, норма за Олимпијадата во Рио догодина.
Tweet |