Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јуни 2014
Утрово тргна Вардарската регата, оваа година по 16 пат. Од Малото мовче во Велес па до Гевгелија стотина учесници на десетина чамци ќе минат околу 120 км за четири дена.
Ќе ноќеваат на воениот полигон Криволак, во Демир Капија и во Марвинци. Годинава за прв пат по еден век по Вардар заплови и гемијата, која е направена по скица од тие што пловеле во втората половина на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Таа е тешка еден тон, собира осум лица, има двајца веслачи.
На регатата учествуваат и припадници ан АРМ, МВР, кајакари, младите од Црвениот крст, пожарникари. Свечениот чин на запловување го означи градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев кој симболично во водите на реката Вардар фрли венец и им посака мирни води за пловидба на велешките Гемиџии.
Tweet |