Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јануари 2017
Четири велешанки беа куми на Бадниковата вечер која се одржа во Розе сала. Тие подготвија стандардно погачи, посно гравче, риба, посна сарма и посни слатки. Сето тоа беше поделенo на гостинките во салата. Стотина жени се дружеа, забавуваа на посната трпеза. Овој настан се случува пред Бадник, оти на оваа вечер, жените како и останатите членови на семејствата се дома, во фамилијарна атмосфера.
Цел е дружење на жените од Велес, со запазување на Божикните вредности кај помладата популација и почитување на овој верски празник. Оваа манифестација е заеднички со Повардарската Епархија и ние први започнавме соработка со нив – рече Мирјана Трајковска од локалната Организација на жени од Велес.
Бадниковата вечер е во организација на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА и Организацијата на жени од Велес. Чинот на осветување на трпезата и кршењето на лебот го изврши свештеникот Боре Симоновски. Во сите четири погачи од годинашните куми има паричка, и на гостинка која ќе и се падне е кума за следната година.
Tweet |