Петар Печков
Објавено: четврток, 12 мај 2022
Се одбележа 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари а водено и 5-ти мај Меѓународниот ден на акушерките. Овие седум дена од 5-ти до 12 мај се недела нa медицинските сестри и акушерките.
На одбележувањето во Скопје, медицинските сестри од ковид одделенијата од Општа Болница Велес и од Здравен дом добија благодарница за нивната две годишна борба и посветеност во борбата со ковид пандемијата. Мотото на Неделата на сестринството беше „Медицинските сестри глас што води- инвестирајте во сестринството за да обезбедите глобално здравје“.
„Изминатите две години сите медицински сестри, активно учествуваа во справувањето со ковид-19. Сите медицински сестри кои работат во ЈЗУ Општа Болница Велес и ЈЗУ Здравен дом, активно учествуваа и дадоа голем придонес во справувањето со кризата од ковид-19, пружајќи здравена нега кон пациентите, секоја на свој начин и секоја од својата област. Тука се вработените од Инфективното одделение, Модуларната Болница, Интерното одделение, Физикалното одделение, кои беа места каде болнички се лекуваа ковид пациентите. Сестрите од Здравен дом активно учествуваа при домашните посети на ковид болните, а земаа и активно учество при масовната вакцинација на населението. Поради тоа медицинските сестри и од Општа Болница Велес и од Здравен дом добија благодарница за активно учество со справување со ковид кризата. Благодараност и до сите лаборанти, рендген технолози и физеотерапевти за вработени во аптека, кои исто така несебично помагаа во ковид кризата“ - кажа Ружица Нацева- претседател на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки Велес, дел од националното Здружение.
Tweet |