Петар Печков
Објавено: среда, 03 август 2022
Изминатата седмица вработените од работната единица Паркови и зеленило, при ЈКП Дервен извршија засадување на 200 млади садници на неколкугодишни дрвја и грмушки.
Истите се засадени во паркот кај ОУ Васил Главинов, во Младинскиот парк и во Градскиот парк.
„Засадени се 60 ползечки зимзелени грмушки, 90 ниски топчести зимзелени грмушки, 20 украсни врби, по 10 индиски јоргован и јавор и 12 садници од декоративното дрво нандина“ - соопштија од ЈКП Дервен.
Од таму ги потсетуваат граѓаните, дека новите садници трева да се чуваат а не да се оштетуваат или крадат.
Tweet |