Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 февруари 2016
Викендов по петти пат се одржа планинарската манифестација ,,Февруарски поход 2016”. Саботата и неделата повеќе од триесетина планинари ја пешачеа патеката долга околу 40-ина километри од Богомила до планинарскиот дом Браќа Јаневи во селото Ораов Дол. Прекрасното време кое ги следеше планинарите во двата дена овозможи пријатни услови за пешачење низ прекрасните предели на Азот.
Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата и одвикнување од пороци на денешницата, па така се надевам дека следната година ќе не има во уште поголем број - рече Зоран Игновски претседателот на Спортско Планинаско Друштво Зелен Рај од Велес, организатор на настанот.
Попатно колоната имала одмор во селото Мокрени каде била пречекана од колегите планинари на братското планинарско друштво Металург од Велес. Учество во манифестацијата земале планинари- вљубеници во природата од повеќе градови, ученици од ОУД „Лазар Лазаревски“ од Велес, припадници на полицијата, како и мештани од селата долж планинарската рута.
Овој настан е во чест на ,,Февруарскиот поход,, познат како Богомилски поход, кој се случи во месец февруари 1944-тата година до страна на Народно ослободителната војска на Македонија.
Tweet |