Петар Печков
Објавено: среда, 17 јули 2024
По реакциите на граѓаните, за постаментите кои беа поставени на две локации во центарот на градот, пред хотелот Интернационал, и пред Комерцијална банка, дека заземаат голем дел од просторот, тротоарот и се опасност по минувачите, тие се отстранети.
„Реагиравме до кацнеларијата на ЕУ како финансиер на проектот, бидејќи се дел од проектот за решавање на сообраќајот во централното градско подрачје и од таму добивме потврда дека може да се заменат. Затоа ги отстранивме. Тоа беа постаменти за знаци за централното градско подрачје, со проект од пред три години, за уредување на централно градско подрачје. Имаме обврска наместо нив да најдеме ново решение за вертикално означување на потребните локации, што и ќе го сториме, но не како што се планираше“ – кажа градоначалникот Марко Колев.
Локалната власт нaјави дека ќе се поставaт електронски дисплеи, со кои ќе се информираат граѓаните за доаѓањето на автобусите од градскиот и приградскиот превоз. Електронските дисплеи ќе бидат поставени на постојките на улица "8 Септември" наспроти паркингот кај Судот, на улица "Гоце Делчев" позади Судот, спроти Пензионерскиот дом и во близина на ОУ "Васил Главинов".
Tweet |