речник контакт

Победа за кошаркарите и ракометарите, пораз за одбојкарите

КК Борец Баскет против КК Шкупи и со победа ќе бара пласман во разигрување за Прва лига

Петар Печков

Започна разигрувањето за шампионската титула во одбојкарското првенство Екипата на ГОК Борец како четврто пласирана игра со лидерот ОК ЏИО Струмица. Во првиот натпревар во гости, велешани се поразени со 3:0 ( 22, 11, 22). Веќе утре, вторник е реваншот во Велес, во салата Гемиџии и со победа струмичани ќе се пласираат во финалето, каде ги очекува екипата на ОК Универзитет Тетово.  Пласманот меѓу четирите најдобри екипи е секако успех за ГОК Борец.

Во заостанат натпревар од Втората лига Исток,. КК Борец дома ја совлада КК Струмица 74:71 и со ова победа остана во игра за четвртото место, кое води во разигрувањето за Прва лига. Против кандидат за четвртата позиција е КК Баскет КАМ од Македонска Каменица.  Разврската е следниот викенд. За да бидат во првите четири екипи на кошаркарите а КК Борец баскет  ќе им треба победа дома  над КК Шкупи во последното коло. Или пак евентуално Баскет КАМ да не победи на гостувањето во Струмица, која мора да победи за да остане во Втората лига и за наредната натпреварувачка сезона.

Во шестото коло од плеј-аут разигрувањето во Првата лига, ракометарите на ГРК Борец победија дома, против екипата на РК Македонија ЃП со 27:26. Во салата Гемиџии се случи чудо, откако во 21,40 гостите водеа со 26:21 за да  осум и пол минути не постигнат гол а велешани со серија од 6:0 слават за победа.  По ова коло ГРК Борец е четврти со12 бода колку што име и РК Делчево а во следното коло велешани играат во Гевгелија против екипата на РК Партизан, кој е шести со шест бодови. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »