речник контакт

Победа за фудбалерките, пораз за ракометарите

Загубија и кошаркарите на КК Борец баскет

Петар Печков

Фудбалерките на ЖФК Борец силно ја започна новата сезона во Првата фудбалска лига. Тие на гостувањето во Битола славеа со уверливи 0:6, по три гола во двете полувремиња,  против екипата на ЖФК ТОП Гол. Стрелци за велешанки беа Шемсовиќ во 34-тата, Максимовиќ во 36-та, Босилкова во 41`, Трипчевска 61`, Батиниќ62` и Адевбиси 89-та.  За среда е закажано второто коло, кога на Градски во Велес гостува шампионот екипата на ЖФК   Каменица Саса, кога ќе може да се оцени квалитетот на екипата од Велес.

Трето коло трет пораз за екипата на ГРК Борец во Првата ракометна лига група „А“. Загубија во Неготино од РК Вардар со 30:21 (12:11). Неизвесно било се до првите пет минути од второто полувреме при резултат од 15:14 по што домаќините ја зголемуваат предноста и на крајот слават со високи девет гола предност.  И натаму РК Борец е последен деветти без бодови а во следното коло, недела играат дома со екипата на РК Драчево , која е на делбата на второто место со девет бодови и со еден пораз од четири средби.

Пораз на стартот од Втората лига забележаа кошаркарите на КК Бпрец баскет, дома во салата Гемиџии со 78:80. Победата гостите од Скопје, екипата на  КК Партизан Водно, ја реализираа на 8 секунди пред крајот, што беше нивно второ водство во текот на 40-те минути, но и конечна радост.  Натпреварот се оддолжи, бидејќи само што започна, поради невремето снема струја во салата Гемиџии, па продолжи со задоцнување. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »