Петар Печков
Објавено: четврток, 22 ноември 2012
Вицешампионот во машакта лига имаше проблеми да го "скрши" отпорот на велешкиот тим, кој најави дека сезонава ќе биде незгоден противник кога станува збор за фаворитите. Синалко - Борец Брако 3:1 (25:21, 25:22, 22:25, 25:23). По пет кола Борец Брако е шести со една победа и три порази.
Во женска конкуренција вистински дерби натпревар Форшпед и Работнички им сервираа на љубителите на одбојката вчера попладне во "Гемиџии" комплетно оправдувајќи го дадениот епитет, а на задоволство на фановите и со победа на домашниот тим, 3:2. Форшпед - Работнички 3:2 (11:25, 25:23, 25:22, 24:26, 15:11). Екипата на Борец Брако загуби со уверливи 3:0 во Струмица од лидерот на табелата. Македонија Макс - Борец Брако 3:0 (25:12, 25:11, 25:19). По пет кола Форшпед е четврти со три победи и два порази а Борец Брако е шести со една победа и три порази. В сабота е градското дерби Борец Брако – Форшпед.
Вчера требаше да се игра и натпреварот до единаесеттото коло на Супер лигата во ракомет помеѓу Борец и лидерот Зонимак од Струмица. Средбата се одложи на барање на домаќините.
Tweet |