Петар Печков
Објавено: четврток, 19 февруари 2015
Повардaрскaта Епархија, преку нејзината издвачка дејност ,,Св.Ѓорѓи Полошки,, подготви и испечати две нови изданија.
„Исус Христос - чудо на светската историја“ и „Беседи за животот по животот-том II“ се насловите на двете нови изданија.
Книгата „Исус Христос - чудо на светската историја“ од српски јазик ја преведе презвитера Ксенија Пармачки, додека книгата „Беседи за животот по животот-том II“ е превод од бугарски јазик, кој го подготви протоереј Миле Љ. Штрбевски.
Издавањето на овие две книги е во пресрет на Велигденскиот пост.
Нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“, останува доследна на својата мисија, да биде еден од столбовите на просветно-издавачката дејност на Македонската православна црква, притоа исполнувајќи го аманетот на нашите рамноапостоли Кирил и Методиј, да го штитиме, величиме и славиме нашиот свет македонски јазик - велат од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА. Книгите може да се најдат во сите храмови на Повардарската епархија или да се порачаат директно од издаваштвото на Повардарската епархија.
Tweet |