речник контакт

Повеќе од 1,2 илјади хектари во велешко зафатени од невремето пролетва

Штетите се движат од 30 отсто а за некои култури и целосно 100 отсто. Најмногу од градот и мразот настрада овошјето

Петар Печков

Штета од ниските температури  кои  се случија во средина на месец април годинава, во поширокиот регион на велешко     има на 620 хектари.  Таа е пријавена за општина Велес,  тука спаѓаат Градско и Чашка, додека  земјоделците   од општина   Лозово   не пријавиле штета од ран мраз, информираа од Министерството за земјоделие. 

Во Општина Веле, заедно с о Градско и Чашка  вкупно штета на земјоделските култури пријавиле 610 баратели и тоа на овошни насади кајсија, јаболко,слива,бадем,праска,вишна и орев и за лозови насади (винско и трпезно). Пријавите се  со различен процент на штета што констатирала Комисијата на терен,  и се движи од 30% до некаде и 100%.

За невремето,  градот,  што го зафати велешкиот регион на почетокот на месец јуни оваа година, вкупно се пријавени површини од 620 хектари или поединечно по култури: 300 хектари јачмен, 100 хектари пченица, 20 хектари пченка, 10 хектари анасон, 40 хектари овошни насади и 150 хектари лозје.

Од Министерството информираа дека  податоците се доставени до Бирото за судски вештачења на проценка, за претрпена штета на земјоделски култури. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, интензивно работи на забрзување на процесот на исплата на обештетувањата од штетите што земјоделците ги претрпеа од времеснките непогоди што се случија оваа година. До Бирото за судски вештачења за проценка на штети од временските непогоди што се случија во април годинава се доставени вкупно 15.048 барања за 34 општини.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »