Петар Печков
Објавено: вторник, 16 април 2013
Актерот Васил Зафирчев која се повреди при проба за шоуто ,,Танц со ѕвездите,, е хоспитализиран во скопската болница ,,8-ми септември,, Станува збор за повреда на капачето од коленото и според негови блиски тој ќе остане таму до крајот на неделава. Колку време ќе трае процесот на рехабилитација е неизвесно, но сигурно е дека ќе отсуствува од театарската сцена неколку месеци.
Доктор кој ТРМР го консултираше објаснува дека со повреда каква што се здобил Зафичев, тој најмалку два месеци ќе биде надвор од сцената. ,,Еден месец заздравување на ткивото и еден месец рехабилитација,, вели докторот специјалист. Зафирчев засега не комуницира со јавноста, мобилниот му е исклучен и актерот е во болнички кревет. Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот ја редуцираше програма по информацијата за повредата на уметничкиот директор, Зафирчев.
Сочувствуваме со болката и повредата на Васил. Му посакуваме брзо заздравување и враќање на нашата сцена. Неговото отсуство значи сериозно намалување на фондот на театарски претстави кои ги играме. Во наредниот период остануваме со само две ,,Жени,, и ,,Последниот Балкански вампир,,. Останатите во кои Зафирчев играше и беа дел од тековниот репертоар ќе паузираат. Тоа се Ноќите во бел сатен, Шашардисани времиња, Онегин, ММЕ кој почна – рече Јордан Витанов директорот на велешкиот театар. Од здравствени причини на еден до актерите паузираат и две други актуелни претстави ,,Генерална проба за самоубиство,, и ,,Бетија,, така што велешката публика во наредниот период сериозно ќе биде осиромашена со театарската понуда.
Tweet |