Петар Печков
Објавено: вторник, 21 февруари 2023
Двајца скопјани уапсени после кражба на метал од поранешна Топилница. Полицијата ги уапсила а украденото го вратила на сопственикот.
„На 20 февруари во 20.30 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ц. (22 год) и В.А. (22 год) од Скопје. Тие од правно лице - фабрика во Велес украле предмети, кои се пронајдени и вратени на сопственикот. При личен преглед кај В.А е пронајден и нож“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот, ќе следи соодветна пријава.
Tweet |