Петар Печков
Објавено: сабота, 14 ноември 2020
Центарот за Јавно здравје од Велес ја објави денешната состојба, сабота, со ковид-19, за ново заразени и оздравени во велешко.
Податоците покажуваат дека се ново заразени 36 лица а оздравени се 37 пациенти.
Со ова бројката на активни случаи со ковид-19 во велешко е 740 а вкупниот број на заразени е 1393 лица. Или досега оздравеле 612 лица.
Од активните случаи 63 се во велешката Болница, две на ГОБ Скопје , шест на приватни клиники а 699 се на домашно лекување.
Во велешката Болница хоспитализирани се 78 пациенти, од кои 69 се потврдено позитивни, шест се сомнителни и тројца се негативни но со симптоми, 22 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се 53 лица, на Одделението за физикална медицина се 14 и на Интерно 11 лица.
Tweet |