речник контакт

Полицајците од ,,скриена камера запросување,, под истрага

Внатрешната контрола на МВР истражува дали се е чисто во случајот ,,скриена камера и запросување,,

Петар Печков

Скриената камера од пред еден месец, со која штипјанец ја побра за сопруга велешанката, со помош   на полицијата  предизвика многу реакции. Помладите ја подржуваа и за нив таа беше интересна, додека за даночните обврзници  од чии средства се финансира полицијата  негодуваа. За нив е непристојно кога во одредени  случаи, ќе се јават на телефонот 192 и пријавата  настан, од  полиција да им кажат дека не можат да дојдат  оти немаат гориво, а во овој случај  две полициски возила   да трошат гориво  и пари на даночниците,з а ќеиф на две лица. Дека во случајот има нешто спорно зборува и што видео клипот е веќе симнат од Ју тјуб и недостапен.  

Од МВР изјавија дека нивната внатрешна контрола го разгледува  овој случај, по што ќе излезат во јавноста со информација дели е прекршен правилникот, дали некој од полицајците работел незаконски или не. За потсетување, штипјанец ја побара за жена велешанката вечер  пред Прочка. При тоа додека тој со неговиот автомобил возеше низ градот, од кај фонтаната кај Авона до пред Судот, во потера по него со вклучени ротациони светла беа едно полициско возило јети и едно полициско комбе.

Откако беше фатен во ,,сендвич,, и не можеше повеќе да вози, по препорака на централата возачот беше детално претресен оти,, бил сомнителен  и може да носи огнено оружје,,.  Тогаш кај него беше пронајден венчален прстен, по што  тој клекна ја побара за сопруга девојката, таа вџашена рече ,,да,,. Така заврши скриената камера а како ќе заврши внатрешната истрага за прекршувањата на правилникот на  МВР,  ќе се дознае наскоро.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »