речник контакт

Полицијата на автопатот Велес – Неготино ги едуцираше возачите за одговорно управување на моторно возило

На возачите им се укажувало на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас, за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило

Петар Печков

Полициски службеници реализраа едукативно превентивна активност за  одговорно управување со моторно возило. Превентивната активност беше реализирана на автопатот „Пријателство“ на делницата Велес-Неготино, наплатна рампа „Виничани“ и на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.

„Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас и се потенцира заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода. Исто така, беше укажано на ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и останатите правила за безбедно управување со возило, во насока на подигање на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди“ – информираа од МВР.

На возачите им биле поделени и летоци со едукативна содржина изготвени од Републичкиот совет за безедност во сообраќајот и патиштата. Активноста беше реализарана од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »