речник контакт

Понеделник 23 мај прво прскање против комарци

Ако не врне, ќе се случи во терминот од 5 до 6,30 ч

Петар Печков

Првото годинашно авионско третирање против комарци  ќе се случи в понеделник  23 мај.  Тоа е предвидено во  терминот од 5 до 6,30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден,  втрорник 24 мај  Април информираа од Општина Велес. Годинава во два наврати беше најавено дека ќе се изврши прскање против комарците, но лошите временски услови ги  одложија.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Надлежните ги предупредуваат  пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »