Петар Печков
Објавено: петок, 18 март 2022
По повод доаѓањето на пролетта, на ден 21.03.2022 година, понеделник, ЈКП Дервен и Општина Велес организираат еко-акција „Сакај го Велес“, која ќе почне во 9 часот, на локацијата пред Мало мовче
.
Во акцијата учество ќе земат вработените од сите Сектори и Одделенија на ЈКП Дервен и Општина Велес, средните и основните училишта, Организацијата на Црвен крст, градинките и средношколскиот Интернат Лазар Лазаревски.
Кон акцијата за чистење на градот можат да се приклучат сите граѓани и да дадат нивен придонос за почиста и поздрава животна средина.
Tweet |