Петар Печков
Објавено: вторник, 16 септември 2014
Понеделнички во Велес се случија две сообраќајни несреќи, двете во близината на градот. Има шестмина повредени, ниту еден не е животно згрозен.
Првата е во 10,15 час. на патот Велес- езеро Младост пред „Македонија пат“ дојдено е до сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил марка „голф“ со регистарски ознаки од Германија управуван од М.А. (71) од село Шипковица -Тетово и патнички автомобил марка „шкода фелиција“ со велешки регистарски ознаки управуван од З.К. (44) од село Мамутчево. По несреќата возачот и четирите сопатника од патничкиот автомобил „шкода фелициа“се пренесени во Медицински центар Велес заради кажување лекарска помош
Втората е во 11.25ч. на патот Велес- езеро Младост во близина на крстосница за село Отовица кога патнички автомобил марка „даеву ланос“ со велешки регистерски ознаки управуван од Д.Ц. (52) од Велес, од засега неутврдени причини поминал на левата страна од коловозот и удрил во металната заштитна ограда . По незгодата возачот е пренесен во медицински центар Велес заради укажување лекарска помош..
По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршен е увид на екипа од СВР Велес. Од Велешката Болница информираа дека патниците од првата сообраќајна несреќа се пуштени дома, додека второто лице Д.Ц. поради карактерот на повредата е задржано во Болница.
Tweet |