речник контакт

Поплава на улица Благој Ѓорев, затната шахта во неа парчиња од јорган!!!

Од ЈКП Дервен апелираат, канализацијата не е депонија за отпад. Дел од станарите никако да прифатат зошто таа служи

Петар Печков

Во неделата попладне на улица Благој Ѓорев, над   касарната настана големо излевање на канализациона вода по улицата. Притоа беа поплавени и два деловни објекти што се наоѓаат на ниво пониско од контролната канализациска шахта. Причините се традиционално исти -  цевките за одвод беа затнати поради тоа што несовесни граѓани фрлале во одводниот систем секаков вид на цврсти отпадоци од домаќинствата. РЕ Водовод и канализација веднаш интервенирале  и ја исчистија канализационата линија.

Со оглед на тоа дека сите сме подеднакво одговорни за функционирањето на канализациониот систем, апелираме до граѓаните да не фрлаат во одводниот систем било какви цврсти отпадоци, вискозни материјали и хемикалии – велат од ЈКП Дервен. На истата локација пред неколку месеци се случи ист ваков инцидент, но очигледно станарите на ја научиле лекцијата за добро однесување, па продолжуваат со фрлање на се и сешто во одводната канализација.

Од ЈКП Дервен  потсетуваат дека листата на работи кои не смеата да се фрлаат е следна: масло и маснотии, остатоци од кафе, лушпи од јајца, женски хигиенски производи,  влажни марамчиња, моторно масло, антифриз и други токсични хемикалии, растворувачи, бои и лакови, корозивни супстанци, кои се кисели или отровни,  лекови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »