Петар Печков
Објавено: петок, 14 април 2017
Ракометарите дома загубија од лидерот Металург со 32:35 (16:19). Гостите играа толку колку треба за победа.
Постојано беа во водство, највисокото од 7 гола предност 23:30, за на крајот да прокнижат нови три бода за останување на првото место со победа од три гола разлика.
По паузата од два натпревари поради повреда во екипата се врати Димитриевски со 9 гола, 8 гола за Павловски и 7 имаше Илиев. Кај гостите најефикасен 9 гола даде Обрадовиќ.
По ова четврто коло Борец е последен во оваа лига каде шест екипи се борат за титулата првак на Македонија. Следниот викенд се четвртфиналистите натпревари од купот а ГРК Борец немаше среќа па за противник го доби скопски Вардар. Со него ќе игра во петтото коло на крајот од април во Скопје.
Започна и разигрувањето за шампионската титула во одбојкарското првенство. Во полуфиналето, во првиот натпревар игран во Пробиштип, истоимената екипа со максимални 3:0 (25:16; 25:18; 25:23) го победи ГОК Борец. Втората средба се игра следната среда во Велес а во финале оди екипата која ќе забележи две победи.
Tweet |