речник контакт

Порше вредно 120 илјади долари со регистрација Зурла

Американецот Рекс Кинг кој има повеќе зурли и гајди, воодушевен од инструментот зурла така го крстил неговиот скап автомобил

Петар Печков

Американецот Рекс Кинг воодушевен од  инструментот зурла така го крстил неговиот скап автомобил. Тој има четири зурли и три гајди и одлични свири на нив. Во чест на овие инструменти, воодушевен од нивниот звук  автомобилот Порше турбо 911, вреден 120 илјади $  му ставил регистарска табличка ,,зурла,,.

За мене нема поубава музика од македонската, поточно зурлаџиската. Сум пробал и симнал да свирам некои турски песни, но македонските не е можно.  Таа е недопирлива за мене – вели Рекс.  

Кинг кој е инженер, како млад  професионално свирел  синтисајзер во рок состав. Подоцна се сретнал со музиката на Балканот, започнал да ја свири.  Сега тој зема часови по кларинет во велешанецот Благој Ламјов. Така американецот Кинг ја користи македонската музика,  зурлата и гајдата за да ја нахрани неговата душа, да си го разубави и исполни животот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »