Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јули 2023
Дневната потрошувачка на вода од градскиот водовод во велешко стигна до 260 л/сек. Тоа е максимална вредност забележана деновиве, кога градот е под вршник. Температурата според УХМР се движи над 40 степени Целзиусови и Велес со Демир Капија и Валандово е меѓу најтоплите градови во земјава. Во саботата на 22 јули во 15ч. измерени беа +41,2 степени.
„Деновиве просечната потрошувачка на вода изнесува 230л/сек, а максималната и до 260л/сек. Во месец јуни просечната потрошувачка на вода изнесуваше 180л/сек“- информираа од ЈКП Дервен.
Од таму ги потсетуваат потрошувачите за порационално и наменско користење на водата.
Tweet |