речник контакт

Почина маж во пожар во куќа на ул. Коле Цветков

Милан Цветков бил пронајден починат во собата во која спиел

Петар Печков

Само изгорените ќебиња пред влезот во домот на Милан Цветков, сведочат дека утрово таму се одвивала драма,обид тој  да се спаси од огнот кој ја зафатил неговата соба.   Огнот бил регистриран во 4 часот во куќа на улица Коле Цветков  бр.102 во Велес. Милан Цветков бил пронајден починат во собата во која спиел.

„Утрово ми тропнаа на врата, како прв комшија да помогнам. Се обидов  да влезам во собата каде е Милан, од густиот чад не можев. Имаше многу дим, чад.  Повикав  пожарна. Луѓето дојдоа бргу за 15 минути и за кратко време го решија огнот“ - кажа Ѓорѓи Кимов, сосед на семејството Цветкови.  

Од Итната помош во Велес соопштија дека кога нивната екипа дошла на местото на настанот, можела да констатира смрт кај едно лице, додека друго е пренесено поради задушување на Интерното одделение од  Велешка Болница. Од болницата кажаа дека  на повредениот, кој бил брат на починатиот, му  била дадена неопходната здравствена нега и по неколку часа е пуштен дома.

Братот на починатиот Милан, Алаксандар раскажа што се случило критичната вечер.

„Седевме вечерта со брат ми кој живее сам  на горниот кат. Секоја  ноќ  се качувам да го проверам како е, така беше и ноќеска  во 4 часот.  Кога влегов во собата имаше многу чад, оган, тој беше легнат на креветот“ - раскажа Александар.  

Пожарот бил локализиран од страна на против пожарната единица од Велес.

„Во 3,.55 добивме дојава за пожар. На терен излегоа две возила и шест пожарникари. Затекнале оган во разгорена форма. Имало и дојава дека во куќата има и човек. Пожарот е ликвидиран во 5 часот“ - кажа Димче Јованов командир на противпожарниот вод од ТППЕ Велес.  

Велешките пожарникари иако бргу стигнале до местото на пожарот, се пожалија дека имале проблем да се пробијат до куќата, од бројните паркирани автомобили по улицата, кои создавале тешкотија да се стигне до местото на настанот.  
Истрагата треба да ги открие причините за пожарот а обдукцијата, причините  за смртта.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »