Петар Печков
Објавено: четврток, 04 февруари 2021
Нова жртва на корона вирусот во велешко, 105-та по ред. Почина пациентка по последиците од ковид заразата.
Вчеравечер почината е пациентка на 48 годишна возраст, позитивна на ковид -19 од Велес, донесена истиот ден на Инфективно одделение во тешка општа здравствена состојба - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Денес во велешко се водат како оздравени дури 41 пациент, а ново заразени се седум лица, објавија од Министерството за здравство. По ова бројката на активни случаи падна на 247 пациенти а досега биле заразени 3.155 лица од велешко.
Вкупно хоспитализирани во велешка Болница се 34 пациенти, од кои 27 се потврдени позитивни и седум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет пациенти. Од лежечките пациенти на Инфективно се 29 а на Интерно пет.
Tweet |