речник контакт

Првиот македонец, Александар Стефаноски пееше во Миланската Скала

На 28 февруари македонскиот бас оперскиот пеач Александар Стефаноски настапи во Миланската Скала. Тој е првиот македонец кој што настапил на Миланската Скала, еден од најголемите светски театри, кој датира од 3 Август 1778.

Петар Печков

На 28.02.2010 се одржа премиерата на операта From the house of the death (Од куќата на мртвите) од чешкиот композитор Leoš Janacek, под диригентска палка на Esa-Pekka Salonen. Во оваа опера Александар ја има
улогата на Свештеникот. Операта From the house of the death е во копродукција со Wiener Festwochen, Holland Festival, Festival d'Aix en Provence и Metropolitan Opera.
По премиерата во Миланска Скала Александар Стефаноски изјави:

Кога прв пат седев како посетител си ветив мора да бидам горе, таму е моето место. Кога прв пат ја видов , си помислив какво ли е чувството да се настапи на сцената на оваа куќа. Вчера не беше сон, бeше реалност, ми се случи.Настапив на сцената на големата Миланска Скала. Овде каде што пееле најголемите оперски имиња, Callas, Bastianini, Del Monaco, Corelli, Christoff,Ghiaurov,Tebaldi, Domingo, Carerras, Pavarotti,...

Се восхитував од почитта меѓу колегите, врвниот професионализам и фантастичната изведба на оркестарот и хорот под диригентската палка на маестро Esa Peka Salonen.
Настапив на сцената на Миланска Скала со врвните светски оперски иминја кои со оваа опера пред 3 месеци се претставија во Metropoliten Opera NewYork. Вистината дека сум првиот македонец што настапил на сцената на
Миланската скала уште повеќе ја зголемува мојата радост и надеж дека ќе има уште вакви настапи, не само од мене.

Александар Стефаноcки продолжува да ги нижи своите успеси насветската сцена, пред сaмо еден месец настапи во театарот Filarmonico (Arena di Verona) во претставата Boemi, каде Александар Стефаноски ја имаше главнатабасовска улога, улогата на Колин.

Александра Стефаноски ја доби оваа улога како прва награда на големиот светскинатпревар за млади оперски пејачи во Верона, кој се одржа од 11ти до 13ти ноември
2009.Својот прв настап во опера Александар го имаше во 2000 година во операта Дон Карлос при МНТ во улогата на Депутатот.

Во 2003 година добил орден Кирил и Методиј како најдобар странски исполнител на класична,оперска музика,а во 2004 и 2005 година се здобил со стипендија од
Централно Источниот Европски музички театар од Виена.Добитник е на специјалната награда на првиот академски натпревар по оперско пеење Христо
Брмбаров” во Софија. Понатамошното музичко образование и усовршување го продолжува во класата на еден од водечките баритони Нико Исаков,изградувајки се како бас-оперски пејач,секојдневно продлабочувајки го
своето знаење и вештина на пеење

.Дипломирал во 2004 година со највисоки оценки - настап со главната улога Дон Пасквале во истоимената опера,а наредната година се здобил со титулата магистар по оперско пеење, а во 2006-та година специјализира во Рим во класата на професорката Рената Ското, Антонио Боаје и Мирела Паруто. На 25 Ноември 2008 по покана на Министерството за култура на Македонија ја преставува Македонија на
Деновите на Македонската култура во САД на целовечерен концерт одржан во Светската Банка во Вашингтон.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »