речник контакт

Пред 140 години возот за прв пат ТРГНА од Велес

Станицата била под Саатот, спроти Епархијата од каде возот на 9-ти април 1873 година тргнал кон Градско. Возот значел замрување на карваните и гемиите

Петар Печков

 140 години откако  првиот воз   тргна  и тоа  од  Велес.   Возот тргнал кон Градско и истиот ден се вратил. Овој настан се случил на 9-ти април 1973-та година, поради што тој е Ден на Македонските железничари. Во тоа време возот бил најмодерно сообраќајно средство, со што е остварен првиот железнички контакт меѓу овие два града. Чудото од парна локомотива, која чурела кај повеќето велешани предизвикала радост, кај некои и страв од големата железна машина, иако таа повеќе ползела отколку што возела.

За кратко време е пругата е доградена до Скопје, каде првиот воз е свечено пристигнат на деветти август 1873 година. На 25-ти август 1926 година  била пуштена и линијата Велес- Кочани.  На 19-ти септември 1932 година е започната да се гради пругата Прилеп- Велес преку Богомила, која била завршена на 20-ти јануари 1936 година. Со тоа Велес е поврзал и со Битола, оти пругата до таму била изградена претходно во правец  од Солун. Така  е завршена целата железничка мрежа во земјава.

Железницата извршила револуционерен пресврт во областа на сообраќајот и транспортот . Ги снемало карваните кои со коњи и магариња ја пренесувале робата на велешките трговци до Солун, исчезнувало гемиџиството, сплавовите кои по Вардар  пренесувале роба.  Во овој период, предностите на железничкиот сообраќај биле такви што не можело воопшто да се споредат со било кој друг вид сообраќајно средство кое се употребувало дотогаш.

Се зголемила брзината и редовноста во транспортирањето на луѓето, стоката, поштата, потоа се зголемила можноста за транспортирање на големи количества стока без разлика на тежина и обем, се намалиле цените на сообраќајните услуги, се зголемила безбедноста при транспортирањето на луѓето и стоките и на крај транспортот веќе не зависел од природната непогода. Стоката која се извезувала наместо да се транспортира со карвани право до Солун, од изградбата на првата линија се транспортирала до Градско, Велес и оттука со железницата се префрлувала до Солун, а подоцна и кон Белград и друга земји од Европа.

Така бројките покажуваат дека  во 1882 година со железницата патувале 66.245 луѓе, а две години подоцна по железницата биле пренесени 72.872 патника од кои 67.968 патувале во III класа, 4.402 - во II класа и само 502 патувале во I класа. Во однос на стоковниот промет статистиките за обемот на увезената и извезената стока транспортирана со железницата преку Солун, изгледа вака: Во 1879 година биле увезени 24.163.618 кг. разновидна стока, а во 1880 година - 38.454.323 кг. Во 1879 година биле извезени 24.827.134 кг., а во 1880 година - 21.421.557 кг. Од извезената стока (жито, вино, бостан, дрво и кожурци - свилена буба) на прво место стоеле житариците со над 18.000.000 кг. во 1879 година и близу 14.500.000 кг. во 1881 година.

Возењето отпрвин траело многу долго. Но со промената на возниот ред во 1886 година возењето станало побрзо, така што просечната брзина веќе можела да достигне 40 км на час, да немало задоцнувања поради големото задржување по станиците. Воопшто дозволената максимална брзина била околу 40 км на час. Нормалната брзина на патничките и мешаните возови на различни релации била 35 и 30 км, а таа на товарните возови била утврдена на 30 и 25 км. Пречекорувањето на оваа брзина можело да се случи во одредени граници со цел да се надополни времето од задоцнувањето. Брзината се контролирала преку брзиномери што биле ставени во сите возови. во службените коли.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »