Петар Печков
Објавено: вторник, 17 декември 2013
Без малку еден час присутните во салата Бели мугри уживаа во драматизацијата, играта и песната на музичко – драмскиот настан ,, Чекори кон Европа,, за Словенија и Македонија. Него го изведоа 16 деца од Велес на возраст од 9 до 16 години и актерката Весна Бобевски а беше реализиран во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Македонија.
Словенците од нивата амбасада во Скопје беа многу заинтересирани за овој проект и тоа ме повлече и мене. Во претставата и текстот опфативме и споменици, култура, носии, спорт, музика, архитектура, носии се што може во 50 минути. Но да не биде досадно, затоа го осмислив како мјузикл. Жално е тој да престане со работа, и се надевам дека ќе биде прикажан во други градови - рече Весна Бобевски комплетен автор на перформансот.
Како амбасадор ме радува што Вие бевте вистински амбасадори на македонската култура во Словенија, но и на Словенија во Македонија. Ви посакувам да истраете во Вашето дело. Ова е можност за зближување на пријателските народи како што се Словенците и Македонците – изјави Бранко Раковец амбасадорот на Словенија во Македонија.
Овој перформанс претходно ја имаше својата премиера и беше прикажан во Словенија во неколку наврати.
Tweet |