Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 мај 2020
СВР Велес информираше за бројот на лица кои се во изолација и самоизолација. Во петокот решение за изолација добиле 39, недела 19 или вкупно до вчера 156 лица биле во изолација. Пет лица потпишале изјава за самоизолација во петокот а две вчера во неделата, со што вкупната бројка на велешани стигна до 29.
СВР Велес соопшти дека полициски час викендов не го почитувале четири лица, во петокот три, саботата едно, синоќа нема. Од страна на полициски службеници извршени бил контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, констатира велешката полиција.
Два дена редум во Велес нема нови случаи и позитивни со ковид-19.
На Инфективното одделение од велешката Болница, денес има 25 пациенти, од нив еден е со симптоми и за него се чекаат тестовите од земените брисеви. Од ова одделение било пуштено едно лице, кое имало симптоми, но тестот покажал негативен резултат.
Tweet |